еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Колку е чудно кога се бара да не се кратат платите во администрацијата

Лавина реакции во македонската јавност предизвика предлогот за драстично кратење на платите во јавниот сектор односно кај над 130.000 вработени, а со образложение дека поради кризата што ја предизвика корона вирусот во буџетот нема да има доволно пари.

Прв пат експертската јавност застана на страната на администрацијата која обично е предмет на критика затоа што се користи како параван за партиски вработувања и затоа што континуирано добива зголемување на платите, вообичаено пред избори.

Но колку и да звучи чудно, Македонија денеска е во незавидна состојба и пред рецесија од која може да не извадат или барем да ја ублажат токму платите на администрацијата.

Имено, со кратење на парите на стоилјадната администрација се задава сериозен удар врз потрошувачката во земјава, што ќе значи принудно штедење. Тоа ќе доведе до намалено производство кај компаниите и последователно сериозен удар врз идните приходи на државата.

Од друга страна, спротивно на препораките на Народната банка, одредени банки во земјава решија да делат милионски суми како дивиденда со образложение дека имаат доволно капитал, дека се ликвидни и дека можат да го издржат товарот на кризата и доколку поделат дивиденда.

И навистина одредени банки во земјава, со години заработуваат чист профит од десетици милиони евра, а нивниот капитал е во постојан пораст. На крајот на краиштата токму граѓаните и компаниите во моментов имаат депозити во банките вредни над шест милијарди евра.

Ако државата навистина нема каде надвор да најде кредити со поволни камати за надминување на кризата и за ликвидност на буџетот, тогаш нека позајми пари од домашните банки. Дел од нив, буквално не знаат што да прават со парите.

При тоа, мора да се земе предвид дека е вонредна состојба и дека на банките не би требало да им се дозволи да заработат баснословни суми од државните позјамици, туку да наплатат камати колку да ги покријат трошоците.

Вакво решение е можно и не би било прв пат државата да позајмува пари од домашните банки.

Прашање е само дали во овој случај владејачките структури ќе одлучат товарот на кризата да го понесат тешките капиталисти или пак „обичните граѓани“ кои заработуваат просечна плата или нешто повеќе од просекот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народна банка: Банките да не делат дивиденда, добивката за зголемување на капиталот

За амортизирање на ударот од корона вирусот: Државата да се задолжи, банките да понесат дел од товарот

Комерцијална банка ќе исплати дивиденда спротивно на препораките на Народната банка

ТТК Банка ќе исплати дивиденда спротивно на препораките од Народната банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Скопје ќе има дочек на Новата година, еве кој сè ќе настапи

Редакција

234 лица од заболените од коронавирусот во Македонија без симптоми

Редакција

Од 1 јануари поевтинува струјата за домаќинствата во прв и втор блок и за малите потрошувачи

Редакција