еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Колку и кои предмети СЈО треба да ги предедаде на Јавното обвинителство?

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) го доби дописот, што до нив го испрати државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за префрлање на предметите, истрагите и предистрагите на СЈО во Јавното обвинителство.

Префрлувањето на предметите следи откако специјалната обвинителка Катица Јанева, која е во притвор за случајот „Рекет“, го побара тоа со полномошно од истражниот затвор „Скопје“.

Според најавите од СЈО денеска треба да излезат со соопштение за натамошните чекори на оваа институција, чиј мандат завршува за неколку дена, на 15 септември.

За колку предмети СЈО има подигнато обвиненија?

Во предвидениот рок, согласно Закнот за СЈО, од СЈО имаат подигнато 20 обвиненија.

Станува збор за предметите: „Титаник“, „Тврдина и Таргет“, „Транспортер“, „Т.Н.Т.„, „Титаник 2“, „Титаник 3„, „Тортура“, „Тврдина 2“, “Насилство во Општина Центар“, „Трезор„, „Топлик„, „Тендери“, „Тарифа“, „Триста“, „Тенк“, “Труст“, „Тотал“, „Тифани“, „Траекторија“ и “Тревник“.

Колку предмеди се со судска пресуда?

Епилог има само за неколку од нив: „Тенк“, „Труст“, „Тифани„ „Триста“ и „Тревник“.

Најпознат на јавноста и е „Тенк„, за кој затворска казна добија и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој избега од Македонија и стана поолитички азилант во Унгарија и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која неодамна доби одложување на затворската казна.

Случајот се однесува на набавката на блиндираниот Мерцедес.

За „Труст“ затворска казна доби и бизнисменот Сеад Кочан, кој моментално е на отслужување на истата.

Случајот се однесува на добивање на незаконски тендер.

Предметот „Тифани“ се однесуваше на даночно затајување, за кој новинарката Ивона Талевска, доби условна затворска казна и обврска да ги врати парите за данокот кои биле затени.

За случајот „Тревник“, новинарот Драган Павловиќ Латас и неговите двајца браќа беа прогласени за невини.

Предметот се однесуваше за бесправна градба.

За случајот „Триста“, поранешнииот помошник министер во Министерството за внатрешни работи (МВР), Ѓоко Поповски доби затворска казна за злоупотреба на службената положба.

Случајот се однесува за набавка на 300 возила во МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои актуелни функционери ги гони СЈО?

Што ќе ни се Собранието и пратениците кога на лидерски средби се решава судбината на СЈО и на државата?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По смртта на двајца пациенти во прилепската болница, Обвинителството отвори предмет

Редакција

Кој е Зоран Ангеловски, првиот директор на ОТА, која ќе го следи прислушувањето

Редакција

Каков имот пријавиле уставните судии: Ивановски има три стана и кредит од 1,1 милиони денари

Редакција