еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Колку политичарите направиле зло, толку Тоше направи добро за Македонија, и уште нема спомен обележје

Тепих од вештачка трева, распукани и пропаднати бекатон плочки, метална ограда, импровизирана конструкција покриена со најлон и пластика…

Вака по 11 години изгледа вечното почивалиште на најсаканиот и најпопуларниот пејач на сите времиња во Македонија, Тоше Проески.

Тоше не беше само пејач, туку едно големо Сонце, кое светеше за неговата земја и народ кои многу ги сакаше, кај ќе стигне.

Душата си ја даде за нас!

Колку македонските политичари направиле зло на оваа земја, ете толку добро има направено Тоше за Македонија, сам, и уште чека на спомен обележје какво што заслужил.

А сите знаме колку зло и имаат нанесено на Македонија одредени политичари, а дел од нив уште па и се шетаат по телевизии (а се знае кај им е местото) и делат совети што како. Море мрш!

Точно 11 години од истите тие политичари слушаме дека Тоше ќе го добие што треба.

Па после се правдат дека работиве се искомплицирале поради правни процедури, во земјата која одамна заборавила што е правна држава.

Актуелната власт во ноември 2017 година соопшти дека се обезбедни пари за изградба на спомен обележјето со буџетот за 2018 година.

Ама изградбата не започна. Истата според последните најави на локалната власт ќе почне напролет во 2019 година.

Претходната за спомен обележјето зборуваше уште од 2007 година, а што всушност мислат министри од таа власт, само затоа што семејството на Тоше не било од „нивните“, слушнавме во т.н. бомби.

Дечки, еден цел град се гради за 11 години!

Арам да Ви е на сите!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Крушево со рози и песна се сеќава на Тоше Проески

Весна Бејби за Тоше: Мислев едно време дека со годиниве ќе спласне тагата, исто е како оној вторник

(ВИДЕО) 11 години без Тоше: Топ 5 песни по кои вечно ќе го паметиме

Фото: Општина Крушево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема старт на преговорите за Македонија пред да ги внесе Бугарите во Уставот, вели бугарската министерка Генчовска

Редакција

Уште пет деца и еден возрасен со клиничка слика на мали сипаници

Редакција

(Фото) Врачена државната награда „11 Октомври“: Кои се добитниците

Редакција