еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колку потрошиле владините функционери на кафани, телефон, авиобилети за шест месеци

Трошоците на сите министерства во Владата за периодот од јуни до ноември минатата година, изнесуваат 18.048.080 денари, што е над двојно помалку споредено со трошоците на министерствата на претходната влада за истиот период во 2015 година, кои изнесуваат 41.405.076 денари, покажува најновиот шестмесечен извештај за трошоците на функционерите од актуелниот владин состав, со кој се пофалија од Владата.

„Вкупните угостителски услуги во држвава и странство на министрите, замениците министри и државните секретари во 2018 година изнесуваат 7.066.165 денари и се за 2,7 пати пониски во однос на споредбениот период од 2015 година кога биле 19.132.121 денари“, соопшти владината прес-служба.

Оттаму наведуваат дека се за одбележување намалените вкупни трошоци за мобилен телефон во висина од 772.286 денари во 2018 година во периодот од јуни до ноември, додека во истиот период во 2015 година трошоците за разговори на мобилен достигнале сума од 2. 602.543.денари, што е кратење на трошоците за повеќе од три пати.

Уште повидлива е, стои во соопштението, разликата и во висината на трошоците за авионски карти.

„Ако во 2015 година, Владата предводена од Никола Груевски потрошила 11.804.083 денари, кога земјата беше во длабока политичка изолација, во 2018 година се потрошени три пати помалку, односно 4.815.198 денари, во период на најинтензивни преговори за напредок на нашите евро-атлантски интеграции“, велат од Владата.

Софтверското решение на алатката овозможува пристап и до наративни месечни извештаи за работата на службениците, остварени состаноци, службени патувања во странство, трошоци за репрезентација и друго, и ги прикажува податоците во форма на интерактивни инфографици со цел да ги направи попрегледни за сите во име на јавниот интерес.

Линк до алатката за отчетност: vlada.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Март: Пошто го губиме статусот на УНЕСКО, притвор за Миле Јанакиески„: Твитер реакции

Редакција

Камчев како сведок даде исказ пред Рускоска за „Рекет“

Редакција

КФОР соопшти дека не бил во областа каде што биле уапсени косовските полицајци

Редакција