еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колку заработуваат менаџерите на Стопанска банка Битола?

На тројца членови на Управниот одбор (УО) на Стопанска банка Битола во текот на минатата година им бил исплатен вкупен надомест од 14,6 милиони денари или околу 238.000 евра, соопшти банката во годишниот извештај за 2019, објавен преку Македонската берза.

Функцијата членови на УО во текот на 2019 година ја извршувае Владимир Ефтимоски, претседател, Гордана Балтовска, член и Наташа Несторовска член.

На членовите на Надзорниот одбор (НО) лани им бил исплатен вкупен надомест од 3,6 милиони денари.

Во периодот 1.1.-30.5.2019 година НО на банката делувал во следниот состав: Ненад Јосифовиќ, претседател, Панче Нефтенов, заменик-претседател и независен член и членовите Дејан Панделески, Кирил Митровски, Александра Радевска, Коста Костадиновски и Стевчо Јолакоски.

По добивање на претходна согласност од НБРСМ во јули и август 2019 година се до крајот на 2019 година, НО работел во следниот состав: Миле Зечевиќ – претседател и независен член, Александра Радевска – заменик-претседател и член и членовите Стевчо Јолакоски, Игор Камбовски и Иванчо Велјановски.

Инаку, податоците во извештајот покажуваат дека 11 лица во банката лани добиле вкупен надомест поголем од 2 милиони денари.

Од Стопанска банка Битола во извештајот објаснуваат дека во вкупните надоместоци кои се исплаќаат на вработените и на членовите на органите на банката влегуваат:

– фиксен дел од вкупниот надоместок, кој зависи од описот на работното место, односно од надлежностите на органот на Банката, а не зависи од успешноста во работењето (надоместок во форма на плата);

– варијабилен дел од надоместокот, кој зависи од долгорочната успешност во извршувањето на работните задачи имајќи го предвид преземеното ниво на ризик (бонуси и останати непарични примања). Исплатата на варијабилниот дел не ја ограничува можноста на Банката за зајакнување на нејзината солвентна позиција. Варијабилниот дел од надоместокот може да биде во форма на материјална награда (годишен бонус, еднократен месечен бонус или едонкратна годишна награда) или нематеријална награда (учество на екстерна обука, конференција, семинар, или работилница организирана во земјата или во странство).

Фиксниот дел од вкупниот надоместок треба да е значително повисок, односно, варијабилниот дел не смее на годишно ниво да надмине  100% од фиксниот дел од вкупниот надоместок исплатен на секој вработен или член на орган на банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стопанска банка Битола со загуба од 16,9 милиони денари за три месеци

„Пелистерка“ го номинира Стевчо Јолакоски за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведена 17-годишна малолетничка која носела марихуана на училиште

Редакција

ССМ: Работодавачите да ги почитуваат мерките за превенирање од последици од топлите бранови

Редакција

(Галерија) Во болницата „Жан Митрев“ има 10 апартмани од кои два луксузни

Редакција