еМагазин
Image default
Спорт

Комеморативна седница за Буштур: Скопје претрпе голема загуба со згаснувањето на животот на кошаркарската легенда

Денеска се одржа комеморативна седница за Благоја Георгиевски-Буштур во организација на Кошаркарската федерација, Националниот олимписки комитет и Градот Скопје.

„Скопје претрпе голема загуба со згаснувањето на живот на нашиот драг Благоја Георгиевски-Буштур. Буштур беше еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња. Како таков остави јасен и силен белег во историјата на македонскиот спорт.

Целата кариера, од првите чекори до последниот натпревар ја помина во својот Работнички. Тој беше миленик на навивачите и со секој натпревар одново ги освојуваше срцата на скопјани„, изјави градоначалникот Петре Шилегов.

Тој ги потсети присутните на неговите освоени два златни медали во поранешна СФРЈ,  како и на прогласуването на Буштур  за најдобар спортист во Македонија и за најдобар спортист на Град Скопје со добивањето на златната значка од Југословенскиот сојуз за физичка култура во 1972 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во тешка сообраќајна несреќа, загина кошаркарската легенда Благоја Георгиевски-Буштур

На комеморацијата присуствуваа поранешни соиграчи на популарниот Буштур, голем број сегашни и поранешни кошаркари, кошаркарски работници, како и спортски работници од земјава и од странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од МВР за несреќата во која загина легендарниот Благоја Георгиевски-Буштур

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пријавувањето започнува: Биди дел од Авицена женска трка

Редакција

Македонските ракометарки се пласираа во баражот за Светското првенство

Редакција

Завршија подготовките во Бар и Сутоморе за Македонската универзитетска карате репрезентација

Редакција