Во периодот 01.01-31.12.2019 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење на консолидирана основа оствари нето добивка за финансиската година во износ од 1,8 милијарди денари или околу 29 милиони евра, соопшти банката преку Македонската берза.
„Вкупната актива на консолидирана основа изнесува 123 милијарди денари, додека консолидираниот износ на капиталот и резервите со состојба 31.12.2019 година изнесува 13,3 милијарди денари“, информираат од банката.
Консолидираниот неревидиран биланс на успех и биланс на состојба на банката за периодот 01.01-31.12.2019 година се состои од билансот на успех и билансот на состојба на Комерцијална банка АД Скопје, на подружницата КБ Публикум инвест АД Скопје, на придруженото друштво КБ Прво пензиско друштво АД Скопје – Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, претставени како биланс на успех и биланс на состојба на едно правно лице.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продаден блок акции од Комерцијална банка за 842.000 евра
„Адора Инженеринг“ повторно ја зголеми сопственоста во Комерцијална банка
Кој е Ванчо Чифлиганец: Од професор до еден од најголемите акционери во Комерцијална банка