еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Комерцијална банка оствари приходи од 16,5 милиони евра за три месеци: Каматите основна компонента

Вкупните приходи од работењето на Комерцијална банка во првите три месеци од годинава изнесуваат 1.017.500.000 денари (16,5 милиони евра) и бележат зголемување од 9,6% во однос на истиот период од минатата година, соопшти банката преку Македонската берза.

„Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 31.03.2020 година истите бележат зголемување од 6,3% во однос на истиот период од минатата година главно како резултат на зголемувањето на приходите од камата од кредити дадени на домаќинства, држава и нефинансиски друштва по основ на зголемено кредитирање во овие сектори. Планот за анализираниот период е остварен со 101,6%“, соопшти банката.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 31.03.2020 година изнесуваат 225,6 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат намалување од 2,9% како резултат на подинамичниот пораст на расходите од провизи во однос на растот на приходите. Планот за анализираниот период е остварен со 93,4%.

Нето приходите од курсни разлики на 31.03.2020 година изнесуваат 43,5 милиони денари и бележат зголемување од 37,5%. Планот за анализираниот период е остварен со 147,5%.

Останатите приходи од работењето на банката на 31.03.2020 година изнесуваат 142,4 милион денари и бележат зголемување во најголем дел како резултат на поголем износ на наплатени претходно отпишани побарувања и поголем износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот. Планот е остварен со 43,2%.

„Оперативните расходи за периодот 01.01-31.03.2020 година изнесуваат 421 милион денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 8,6% како резултат на зголемени премии за осигурување на депозитите, трошоци за одржување компјутерска опрема и за телекомуникациски услуги, трошоци за амортизација и зголемени спонзорства и донации. Планот е остварен со 96%.

Во периодот од 01.01-31.03.2020 година банката нема прокнижено загуба поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа. Во извештајниот период банката оствари исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансни изложености на нето основа во износ од 378,9 милиони денари наспроти 102,7 милиони денари во истиот период минатата година“, информираат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Преполовена добивката на Комерцијална банка: За три месеци профит од 3,5 милиони евра

Комерцијална банка ќе исплати дивиденда од 550 денари по акција

Комерцијална банка ќе исплати дивиденда спротивно на препораките на Народната банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Засега нема докази дека некои здравствени инциденти се поврзани со вакцината на АстраЗенека

Редакција

„Макпетрол“ откупи сопствени акции

Редакција

Колумна на Едвард Џозеф: Време е да се вмеша Бајден и да го заузда бугарскиот национализам

Редакција