еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Комерцијална банка планира добивка од 31 милион евра и помал број на вработени во 2020 година

Комерцијална банка преку Македонската берза соопшти дека за 2020 година планира добивката пред оданочување да изнесува 1,96 милијарди денари или околу 31 милиони евра.

Оттаму додаваат дека се предвидува намален износ на нето исправка на вредност на финансиските средства за 5%.

„Нето-приходите од камата се очекува да забележат зголемување од околу 2,6% во однос на 2019 година при планиран умерен пораст на кредитите и депозити и постојни каматни стапки, при што нето каматната маржа е проектирана на околу 2,5% на годишно ниво“, информираат од банката.

Останатите приходи (кои ги сочинуваат нето-приходите од надомести и провизии, нето курсни разлики, нето-приходи од работа со хартии од вредност, приходи од капитални вложувања и капитална добивка, приходите од минати години, приходите по основ на девизно работење, други и вонредни приходи) се планира да бидат помали за околу 8%, пред се поради помал износ на планирани капитални добивки од продажба на преземен имот.

„Останатите расходи, кои се состојат од плати и други трошоци на вработените, премии за осигурување на депозитите, материјални трошоци, службени патувања, репрезентации, реклама и пропаганда, амортизација и други расходи, се планирани со намалување од 7,8% во однос на 2019 година, главно како резултат на планиран помал износ на материјални и други трошоци и помал износ на трошоци за плати поради намален број на вработени“, велат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка лани оствари добивка од 29 милиони евра

Ванчо Чифлиганец преку „Адора инженеринг“ во милионски поход по акции од Комерцијална банка

Кој е Ванчо Чифлиганец: Од професор до еден од најголемите акционери во Комерцијална банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тие што ги пријавуваа кражбите на Онкологија, многу тешко поминуваа, сведочеше поранешната директорка Црвенкоска

Редакција

Владата донесе одлука за испраќање на 100 македонски војници во Словенија

Редакција

До петок променливо, врнежливо и постудено време

Редакција