еМагазин
Image default
Бизнис

Комерцијална банка за менаџерскиот тим лани одвоила 2,5 милиони евра

На вкупно 55 лица во Комерцијална банка, со посебни права и одговорности (менаџерски тим) исплатени се вкупно 154,1 милиони денари или околу 2,5 милиони евра за бруто-плати, плата од деловна успешност, регрес, новогодишен надоместок, менаџерско осигурување, отпремнина, систематски прегледи и јубилејни награди, од кои 106,3 милиони денари претставуваат фиксен и 47,7 милиони денари претставуваат варијабилен надоместок, покажува годишниот извештај за работењето на Банката објавен преку Македонската берза.

На вкупно 1.020 лица вработени во Банката, исплатени се вкупно 774,1 милиони денари за бруто-плати, плата од деловна успешност, регрес, новогодишен надоместок, менаџерско осигурување, отпремнина, систематски прегледи, јубилејни награди, парична помош, дополнителни пензиски придонеси и други надоместоци од кои 706,7 милиони денари претставуваат фиксен и 67,4 милиони денари претставуаат варијабилен надоместок.

За присуство на седници на членовите на Надзорниот одбор во 2018 година се исплатени 1.026.000 денари, 466,7 илјади денари на членовите на Одборот за ревизија и 26,7 илјади денари на еден надворешен член од Одборот за надзор на информатичката технологија.

Заклучно со 31.12.2018 година вкупно одобрените кредити и други облици на изложеност кон овие лица (вклучувајќи ги и со нив поврзаните лица) изнесува 868,6 милиони денари и целосно е во рамките на пропишаните супервизорски стандарди, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Плати и надоместоци од 826.000 евра за членовите на Управниот одбор на Комерцијална банка

Комерцијална банка оствари добивка од 28,9 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охридска банка го одложува Собранието на акционери додека трае вонредната состојба

Редакција

ТАВ аеродроми најавува: Грчки Aegean ќе воведе нова авиолинија Скопје-Сараево од октомври

Редакција

„Тежок тендер“: Водостопанство на Македонија набавува 15 возила

Редакција