еМагазин
Image default
Бизнис

Комерцијална банка со намалена добивка

Во периодот од 01.01- 30.06.2019 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 675,1 милиони денари или околу 10,9 милиони евра, соопшти банката преку Македонската берза.

Добивката на банката во однос на истиот период минатата година кога таа изнесувала 1,3 милијарди денари, е намалена.

„Помалку остварениот финансиски резултат во тековниот период се должи на два настани кои имаа клучно влијание на структурата на приходите на банката во истиот период од минатата година.

Имено, во текот на првиот квартал од 2018 година беа финализирани интензивните активности на банката за решавање на статусот на должникот ФЕНИ – Кавадарци, такашто беше склучен и реализиран договор за продажба на побарувањата од ФЕНИ, со што во билансите на банката беше евидентирано ослободување на исправката на вредност и истото имаше соодветен ефект врз остварениот финансиски резултат.

Дополнителен ефект во минатата година имаше и реализираната висока капитална добивка од продажба на преземен имот“, објаснуваат од Комерцијална банка.

Наспроти ова, во тековниот период доминираат приходите од редовни активности и се забележува стабилизирање на нивото на исправката на вредност на финансиските средства и посебната резерва за вонбилансни изложености.

„Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на банката да ги покрива расходите од работењето, е за 36,9% помала во однос на минатата година.

Намалувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од помалиот износ на реализирани останати приходи, а пред сè приходи од капитални вложувања и капитална добивка.

Имено, во истиот период минатата година банката изврши продажба на имот преземен од должникот Брилијант Штип по кој основ реализираше капитална добивка во вкупен износ од 411 милиони денари“, соопшти банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Горан Антевски се стекна со 550 акции од Комерцијална банка

Комерцијална банка ја реализираше првата трансакција со хартии од вредност во странство

Во Комерцијална банка 4.940 акционери, „Адора инженеринг“ најголем

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува прекинот на железничкиот патнички и товарен сообраќај

Редакција

Имаме ли квалитетни градби кои ќе преживеат земјотреси

Редакција

64% вода се губи на патот до крајните корисници, проблем се недоволните инвестиции

Редакција