еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Комерцијална банка заинтересирана за купување на Еуростандард банка

Комерцијална банка АД Скопје преку Македонската берза ја известува јавноста дека ја разгледува можноста за стекнување акции издадени од Еуростандард банка АД Скопје, поради што е остварен контакт со раководството на банката за првична размена на информации.

„Во оваа рана фаза постапката не претставува намера за преземање и во ниту еден аспект нема обврзувачки карактер, освен да го изрази првичниот интерес во рамки на претходна постапка да се стекнат информации, врз основа на кои би се дефинирала евентуална намера за преземање во иднина.

Поради тоа, ова Известување не треба да се толкува како официјална Намера за преземање на акциите издадени од Еуростандард банка АД Скопје“, соопшти банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка продава запленети уметнички слики, луксузни куќи и машини за да наплати кредити

Во Комерцијална банка 4.940 акционери, „Адора инженеринг“ најголем

НБРМ даде согласност: Фатмир Етеми нов член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Околу 30 проценти од граѓаните ја одбија понудата на банките да одложат плаќање на кредити

Редакција

Битолски Транскоп лани со добивка и зголемени приходи

Редакција

Доктор Пановски: По прележан Ковид-19, количината на антитела не е битна и не треба да се проверуваат за да се види „колкав ми е имунитетот“

Редакција