еМагазин
Image default
Македонија

Kомисијата препорача да му се одземе имунитетот на пратеникот Груевски, конечната одлука на пленарна седница

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања со пет гласа „за” ги усвои шесте барања од судот за одземање на имунитетот заради мерка притвор на Никола Груевски, пратеник и поранешен премиер, кој избега од Македонија и доби политички азил во Унгарија.

На седницата не присуствуваше ниту еден пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј почесен претседател е Груевски.

Одлуките за барањата за одобрувања на мерката притвор ќе бидат испратени до претседателот на Собранието кој треба да закаже пленарна седница.

Претседателот на Комисијата Павле Богоевски изрази разочарување што, како што кажа, нашиот систем не го обезбеди Груевски за издржување на двегодишната казна за случајот „Тенк“. Побара одговорност и завршување на истрагата за бегството на Груевски.

МИА/Фото: Фејсбук/Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарски аналитичар: Со азилот за Груевски, Орбан чекор поблиску до Русија

Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски

Трагикомедија: Собранието одлучува за имунитетот на Груевски додека тој ужива азил во Унгарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одземен мобилниот на Катица Јанева

Редакција

Ковачевски и Донев го осудија инцидентот во Охрид

Редакција

Убава вест: Оздравени 214 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје, Куманово, Тетово и Гостивар

Редакција