еМагазин
Image default
Македонија

Комисијата за односи со верските заедници демантира дека е инвловирана во превирањата во ИВЗ

Од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи реагираат, како што велат на невистините изнесени од поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, за инволвираноста на Комисијата во последните превирања во ИВЗ.

„При настапот пред медиумите сношти по одржана вонредна седница на ријасетот на ИВЗ, господинот Реџепи во дел од својата изјава го обвини директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски дека е вмешан во последните случувања во Исламската верска заедница. Обвинувања и навреди беа упатени и за заменик директорот на Комисијата, Зеко Абази.

Иако на целата јавност и е позната некредибилноста, неоснованоста и невистинитоста на ваквите наводи, поради длабока и искрена почит кон граѓаните со муслиманска вероисповед сакаме да упатиме остар демант и јасна порака дека Комисијата за односи со верските заедници, ниту нејзиното раководство на ниту еден начин не е вмешана во последните случувања и превирања во ИВЗ.

Задржувајќи го личното и институционалното реноме на високо ниво нема воопшто да се впуштаме во понатамошна комуникација со лични дискредитации и инсинуации. Ова беше непримерен чекор за изнесување клевета.

Не сме во можност дури ниту да се осврнеме и да произнесеме став во однос на предметните случувања, бидејќи не располагаме со соодветни релевантни информации ниту од страна на Судот, ниту од страна на верската заедница. За настанот сме запознаени само преку медиумите.

Се работи за внатрешни прашања на верската заедница, за кои апелираме да се решаваат со взаемно разбирање, во согласност со позитивно правните прописи и во интерес на верниците“, велат од Комисијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако Реџепи шири омраза јавно, Бог знае што прави зад камери

(ВИДЕО) Скандалозна изјава на поглаварот на ИВЗ, Реџепи за судијка, за која доби аплауз: Не ја жалам, таквите нека починат

Поглаварот Реџепи ја обвини Владата и државните органи дека се насочени против ИВЗ

Нов обид за смена на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи со судско решение и полиција

Фото: Фејсбук/Реџепи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски: Парадата на гордоста е едно од значајните демократски случувања во Македонија

Редакција

Антикорупциска отвори постапка за именувања во Армијата од страна на Иванов

Редакција

(Фото) „Ве описменивме“: Бугарската делегација во Битола пречекана со протести

Редакција