еМагазин
Image default
Бизнис

Комисијата за заразни болести го одобрила протоколот за јавни настани: Публика во 50 отсто од капацитетите

Комисијата за заразни болести денеска на состанок го одобри протоколот за организирање јавни настани кој минатата недела го предложија претставници на Здружението на музичари и на организатори на настани, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Toj рече дека денеска е донесена дозвола да се организираат јавни настани со тоа што местото треба да биде пополнето не повеќе од 50 проценти од капацитет каде што ќе се организира настанот.

Филипче истакна дека предложениот протокол е солиден зашто предвидува контролиран влез на настанот, картите ќе се продаваат електронски за да не се прават редици и метеж и задолжително ќе се носат заштитни маски.

„Мислам дека е одличен проткол. Здруженијата земаат и обврска самите да го контролираат спроведувањето на превентивните мерки на местата каде што ќе има настани, што е апсолутно за пофалба таквиот нивни професионален пристап“, истакна министерот за здравство.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: ДИК ги утврди протоколите за гласање на изборите, како ќе гласат заразените со Ковид-19?

Објавен новиот протокол за рестораните: До 12 лица на споени маси, гостите на растојание од 1,5 метри

Објавен новиот протокол за кафетериите: Нема веќе „стоење“ на шанк, родендени и „музички свирки“

Сите детали од новиот протокол за автомат клубовите: Најмногу едно лице на 5 квадрати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мажите имаат полесен пристап до финансии за разлика од жените, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска

Редакција

Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во јануари

Редакција

Макпетрол со зголемена добивка за 140,24% во првите шест месеци од годинава

Редакција