еМагазин
Image default
Македонија

Комисијата за заразни болести се уште проценува дали треба да укине забраната за јавниот превоз во тетовскиот регион

Комисијата за заразни болести се уште проценува дали треба да укине забраната за јавниот превоз во тетовскиот регион, истакна денеска главниот координатор на кризните штабови на општините и вицепремиер за европски прашања Бујар Османи денес од тетовско Теарце.

Според него, позитивна одлука е можна за неколку дена, а во таков случај луѓето мора да имаат лична заштита.

-Имаше барање од локалниот кризен штаб во Тетово за отворање на јавниот транспорт. Тоа барање го пренесов јас како координатор до главниот кризен штаб. Комисијата за заразни болести констатираше дека и требаат уште неколку дена за да го види трендот на бројките во Тетово, па после да ја донесе одлуката. Ќе чекаме уште некој ден и ќе видиме кој е трендот и верувам дека Комисијата ќе донесе мерка за олеснување на превозот, рече Османи.

И во случај на овозможување на јавниот превоз, Османи го потенцираше значењето од придржувањето на мерките за лична заштита.

-Нема посилна мерка од личната свест. Ниту еден политичар не треба да се спротивстави на одлуките на Комисијата за заразни болести. Тие се експерти, тие знаат што е најдобро за да се спречи болеста, но се разбира ќе се обидам да аргументирам дека во оваа втора фаза, личната работа со луѓето и психолошката поддршка и охрабрувањето и борбата со лажни вести, давањето на точни информации на луѓето е многу посилна од колку било казни.

Не може ниту еден полицаец да влезе во домовите и да проверува колку луѓе се собираат и дали ставаат маски и слично, рече Османи.

Тој потсети дека мерките се неопходни за сите, бидејќи не е точно дека само стари луѓе умираат, туку дека тоа се случува и со деца и со млади.

МИА/Фото: Општина Тетово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема карантин ни полициски час за Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот на РКЕ Бислимоски е добар, нападот пријавен во МВР

Редакција

Македонската армија вработува 125 професионални војници

Редакција

Јанева по новите снимки на „Ла Верита“: Со Камчев преговарав да стане соработник-сведок за нова предистрага на СЈО

Редакција