еМагазин
Image default
Бизнис

Комисијата за здравство ќе одлучи дали угостителите ќе работат и по 22 часот

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека Комисијата за заразни болести денеска на седница треба да ги разгледа новите протоколи според кои, угостителските објекти ќе може да работат и по 22 часот.

До Комисијата се доставени и други барања за измени во однос на угостителските објекти, меѓу кои и оној за седење максимум четири лица на маса ако се семејство. Сепак, како што напомена Бектеши, крајниот збор ќе ои има токму Комисијата и ќе се почитува нејзината одлука, односно препорака.

„Денеска ќе заседава Комисијата за заразни болести за работата на угостителите по 22 часот. Ние доставивме такво барање, ќе чекаме до новата седница на Владата кој е предлогот на Комсијата и ќе ги информираме засегнатите страни.

Од наша страна е барано да се направат измени, но денеска Комисијата ќе го дискутира нашето барање. На крај, сепак, ќе ја почитуваме нејзината одлука и препорака. Побаравме измени и во делот – четворица гости од исто семејство,“ рече Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања откако на прес-конференција се осврна на трите пакет-мерки за поддршка на економијата.

Бектеши потсети и дека за хотелиерите пртоколот е веќе објавен, а бил усогласен со Стопанската комора минатата недела.

-Хотелиерите се помогнати и со бескаматните кредити, но треба да се има предвид дека претходната недела ја продолживме мерката за плати од 14.500 и за јуни, додека од 15 јули ќе може да се користат и ваучерите кои директно ќе ги помогнат хотелите, истакна министерот.

Тој најави и дека во втората половина на август, почеток на септември, Владата ќе излезе со уште една мерка – за поддршка на туристичките агенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И гостите ќе носат маски, нема шведска маса: Што пишува во протоколот за хотелите

Хотелите и сместувачките објекти отвораат од понеделник на 22 јуни, според протокол утврден од Владата

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка склучи договор со Giesecke+Devrient Currency Technology вреден 964,5 илјади евра

Редакција

Отворен повик за 15-то издание на проектот Лидер: Врвна програма за развој на бизнис и претприемништво во Македонија

Редакција

Колкава плата имал лани Бобан Гоговски, генералниот директор на Тетекс

Редакција