еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Комората на трговци од Солун одби да дојде во Скопје заедно со Ципрас

Комората на трговци од Солун негативно одговори на поканата да бидат дел од бизнис-делегацијата што ќе го придружува грчкиот премиер Алексис Ципрас за време на неговата посета на земјава, јави дописничката на МИА од Атина.

Од комората, оваа одлука, да не учествуваат во делегацијата ја донеле на состанокот на извршниот комитет, а претседателот Михалис Зорпидис ја поврзува со прашањето за името.

-Одговарам до „Enterprise Greece“ што ја координира делегацијата, дека Комората на трговци од Солун одлучи да не учествува во никаква активност што се поврзува со соседната земја, се додека користи име што не ѝ припаѓа.

Прашањето беше тема на последниот состанок на извршниот комитет, чии членови едногласно одлучија дека комората го прави ова во знак на протест и реакција кон политиката што не го изразува грчкиот народ – вели претседателот на комората Михалис Зорпидис и додава дека не ги засегаат активностите, бидејќи за нив „името на Македонија, која е само грчка, е свето“ и вели дека и ние ќе го бранат на секој можен начин.

Во исто време со одбиената покана од комората, грчкиот премиер Алексис Ципрас, денес е во Солун каде што ќе учествува на дебата со бизнисмени од Северна Грција на тема „Развојните перспективи на бизнисите од Северна Грција по Договорот од Преспа“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Неофицијалниот број на починати од Ковид-19 или негови последици изнесува 16.147

Редакција

„Свисслион“ ја прогласи за успешна понудата за преземање на „Агроплод“

Редакција

(Видео) Џамбаски не престанува со провокациите: Заев заборава дека Македонија е бугарска, се потсетува кога бара нешто

Редакција