еМагазин
Image default
Бизнис

Компаниите ќе можат да го пролонгираат одржувањето на годишно собрание на акционери

Владата ја донесе Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба.

“Со членот 1 од Уредбата се регулира примената на Законот за трговските друштва за време на траењето на вонредната состојба, при што е уредено дека за свикување и одржување годишно собрание на акционери и собир на содружници, од страна на органот на управување на акционерските друштва, односно органот на управување на друштвата со ограничена одговорност, ќе се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.

Во таа насока со членот 2 од Уредбата се овозможува пролонгирање на роковите за свикување и одржување годишно собрание на акционери, како и собир на содружници, од страна на трговските друштва, за време на траењето на вонредната состојба.

Пролонгирањето на роковите се однесува и на започнатите постапки за свикување и одржување годишно собрание на акционери, односно собирот на содружници“, стои во соопштението од Владата.

Се предвидува дека ова законско решение ќе овозможи поволни услови за трговските друштва во однос на обврската за свикување и организирање годишни собранија на акционери, односно собири на содружници, во чии рамки се усвојуваат годишни сметки и финансиски извештаи, како и се одобрува работата на членовите на органот на управување во друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои фирми ќе бидат ослободени од персоналец и данок на добивка за март, април и мај

Владата донесе уредба за одложено плаќање на кредитите, на ред се банките

УЈП нема да објавува листа на должници за април, мај и јуни

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре не е потребен ковид сертификат за влез од Македонија во Бугарија

Редакција

„Македонски Телеком“ ги зголеми приходите и добивката

Редакција

„Виз ер“ постигна нов рекорд летово, превезе 33 милиони патници

Редакција