еМагазин
Image default
Бизнис

Компаниите „гладни“ за кредити: Им требаат пари за преструктуирање на долговите

Банките укажуваат на изразено нето-зголемување на вкупната побарувачка на корпоративни кредити во четвртото тримесечје од 2019 година, покажува најновата анкета на Народната банка за кредитната активноста на банките.

„Воедно, и очекувањата на банките во минатата анкета укажаа на зголемување на побарувачката за кредити во последниот квартал од годината. За наредното тримесечје, банките укажуваат на раст на вкупната побарувачка, но поумерено во споредба со очекувањата од претходната анкета“, соопшти Народна банка.

Според анализата на факторите коишто влијаат врз побарувачката на корпоративните кредити, кај групата „потреби од финансирање“, инвестициите во основни средства и инвестициите во залихи и обртен капитал придонесуваат за зголемување на побарувачката, но слично во однос на претходната анкета.

„Останатиот фактор од оваа група, односно преструктурирањето на долгот предизвикаа зголемување на побарувачката, но посилно во споредба со претходната анкета. Кај групата фактори „употреба на алтернативно финансирање“, промена се забележува кај факторот интерно финансирање, којшто има мал придонес за зголемување на побарувачката за корпоративни кредити за разлика од дестимулирачкото влијание во минатата анкета.

Од останатите фактори од оваа група, заемите од останатите банки послабо придонесуваат кон намалување на побарувачката, додека поголема промена кај влијанието на факторот издавање сопствени хартии од вредност не се забележува“, се вели во анкетата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Водостопанство“ распиша оглас за вработување на 50 лица, плата до 46.000 денари

Редакција

Зоран Китанов избран за претседател на Одборот на директори на „Македонски Телеком“

Редакција

Драстичен пад на приходите на 30. најголеми државни претпријатија

Редакција