еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ

Компаниите на Анѓушев и Локвенец земаа пари од државата: Законски никој не ги спречува, но дали е етички?

Медиумите, минатата недела објавија дека две компании на луѓе од власта добија финансиска помош од државата.

„Макфакс“ обајви дека печатницата „Гинис“ на пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец доби 10 милиони денари од Фондот за иновации, во првиот јавен повик за финансирање на микро, мали и средни претпријатија од Планот за економски раст.

Втората компанија е „Каст инвест“ чиј сопственик е фабриката „Брако“, чиј што капитал е на вицепремиерот Кочо Анѓушев, кумот Митко Кржовски и бизнисменот Владо Атанасовски, објави Призма.

Анѓушев за Призма изјави дека знаел дека ќе аплицираат, но никому не му се јавил за грантот, а целта била да се отворат нови работни места. Тој вели дека неговите фирми не треба да бидат ниту привилегирани, ниту дискриминирани.

И да не постои сомнеж дека во овие два случаи на носители на власт, компаниите ги исполниле условите за добивка на државна помош, и нема никаква законска пречка за тоа, се поставува прашањето за етичкиот и моралниот момент во целата постапка. Исто така, дали нема судир на интереси кога креирате мерки и притоа ваша компанија конкурира за да добие средства предвидени со тие мерки?

На социјалните мрежи имаше голема дебата во однос на овие два случаи, и затоа се бара Антокорупциска комисија да испита дали ова е конфликт на интереси и дали е според закон и да се пресече.

Еден од коментарите е и дека „на обични наградни игри (Рамстор, Веро и милион други), кај што се работи за приватни пари, не смеат да учествуваат вработените и нивните семејства, а не пак на тендери за грантови од илјадници евра државни пари.“

ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство да отвори постапка за случајот со компанијата „Каст инвест“ на Анѓушев.

„Пред една недела, вицепремиерот Кочо Анѓушев излезе на говорница и рече дека му било “чест и задоволство и голема радост” што Фондот за иновации делел 10,5 милиони евра!. Па како нема да му биде кога на фирма во која што како сопственик тој фигурира, на негова компанија се доделуваат 160.000 евра”, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија нема доволно авиони и хеликоптери за гасење пожар, ама и противпожарни возила и пожарникари

Редакција

Што ќе ни се Собранието и пратениците кога на лидерски средби се решава судбината на СЈО и на државата?

Редакција

Пензионерите „слаба точка“ на секоја владејачка гарнитура, посебно пред избори

Редакција