еМагазин
Image default
ЖИВОТ

„Комунална хигиена“: Невистинити се информациите за активностите на стационарот Вардариште

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје најостро ги демантира написите што се однесуваат на условите во коишто се чуваат и третираат бездомните кучиња во стационарот Вардариште.

„Најпрво би сакале да ја информираме јавноста дека кучето на фотографијата е пуштено од Стационарот пред повеќе од еден месец, кога и се наоѓало во многу подобра здравствена состојба, откако таму ги поминало сите стандардни медицински процедури, односно било стерилизиранo, прочистенo од внатрешни и надворешни паразити и вакциниранo од беснило.

По барање на граѓаните од населбата Железара, кои што кај нашите служби го пријавиле и барале да биде заловено, по завршувањето на престојот во Стационарот тоа не било вратено на местото на заловување, туку било пуштено на слобода во реонот на поранешната депонија Вардариште.

Уште еднаш би сакале да потсетиме дека Програмата за хуман третман на бездомните животни „Залови, стерилизирај, врати“, во стационарот „Вардариште“ се имплементира под директен инспекциски надзор на Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ, од каде што не е упатена никаква забелешка во врска со третманот на конкретното животно.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје не може да одговара за состојбата во која што ќе се најдат бездомните кучиња по завршувањето на нивниот престој во стационарот „Вардариште“ и дали тие на улиците ќе бидат изгладнети, болни или ќе почнат да пројавуваат агресивно однесување.

Апелираме и до јавните гласила коректно и вистинито да ја информираат јавноста за нашите активности, да ја проверуваат веродостојноста и автентичноста на фактите и фотографиите што се објавуваат и на тој начин да ни помогнат во нашите заложби за решавање на проблемот со бездомните кучиња на територијата на градот Скопје“, се вели во демантот на претпријатието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Ужасна и жална глетка од прегладнето куче од Вардариште: Коски и кожа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца пациенти на дијализа добија бубрег од починат донор, направена и експлантација на коскени ткива 

Редакција

Најмногу дожд во Крушево и Пожаране: Врнежите од утре пообилни, понекаде ќе надминат 20 литри на метар квадратен за 24 часа

Редакција

Успешен амбулантски третман на ноќната апнеа со „Celon elite“

Редакција