еМагазин
Image default
Локално

Комунална хигиена продолжува со подигање отпад во три смени секој ден во неделата

Јавното претпријатие Комунална хигиена-Скопје информира дека во текот на изминатите 24 часа, нивите екипи собрале и транспортирале речиси 1.000 тони комунален отпад од подземните и надземните контејнери на територијата на главниот град.

Поучени од минатонеделното искуство и увидувајќи дека отпадот во Скопје не можат да го соберат работејќи само прва смена, од ова јавно претпријатие известуваат дека ќе го вратат стариот начин на работа во три смени, секој ден и во текот на претстојните празници.

„Контејнерите се празнеа во текот на целата ноќ, по што посебни екипи поминуваа да го отстранат и транспортираат отпадот што беше расфрлен во околината на садовите.

Изминатата недела, оперативата на ЈП Комунална хигиена-Скопје дејствуваше само во првата смена, но состојбата на терен покажа дека со активности во една смена не е возможно секојдневно да се подигне и транспортира отпадот од речиси 6000 контејнери поставени во сите скопски општини“, велат од Комунална хигиена.

Од овие причини, ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи да го собира и транспортира комуналниот отпад во градот Скопје со вообичаената динамика – во три смени, секој ден во неделата, а со оваа динамика екипите на ова претпријатие ќе работат и во текот на претстојниот празничен викенд.

„ЈП Комунална хигиена-Скопје ги информира граѓаните дека и отпадот од индивидуалните домаќинства ќе продолжи да го собира со стандардната динамика – два пати во неделата. Во овој период, апелираме граѓаните да се воздржат од одлагање кабаст, градежен и градинарски отпад во садовите, како и во нивната околина“, истакнуваат од претпријатието.

Во текот на денешниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје во целост ќе ги расчисти и претоварните станици во Вардариште и во Карпош, каде што во текот на изминатата недела беше привремено одлаган комуналниот отпад што поради временскиот лимит Претпријатието не беше во можност веднаш да го транспортира на депонијата Дрисла.

МИА/Фото: Комунална хигиена

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Директорот на „Комунална хигиена“ работеше заедно со работниците на терен

Скопска „Комунална хигиена“ со добивка од 15.7 милиони денари

„Кабтел“ го доби тендерот на „Комунална хигиена“ за набавка на метлачка вреден 349.000 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Демолирале кафана и тепале се пред себе

Редакција

Почина градежен работник во Штип, откако го потрупало поголема количина на песок

Редакција

МВР: Нема да функцинира системот за прием и издавање на лични документи во Скопје од 11 јуни од 16 часот до 15 јуни до 20 часот

Редакција