еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Конечно: Ништо од датум за преговори за Македонија, против биле Франција, Данска и Холандија

Претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск порача дека Европската Унија ќе се наврати на проширувањето пред Самитот во Загреб во мај наредната година, откако земјите членки не успеаја да постигнат договор за почеток на преговори со Северна Макеоднија и Албанија.

„Големо мнозинство членки на Европската Унија сакаат да бидат отворени пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Сепак, таквата одлука бара едногласност, а тоа вчера не беше постигнато. Да бидам јасен: Северна Македонија и Албанија не се виновни за ова, тие ги исполнија условите и се подготвени за отворање на преговорите. Тие се подготвени, но за жал неколку земји членки не беа. Затоа не успеавме да постигнеме позитивна одлука. Лично сметам дека тоа е грешка, но нема да го коментирам понатаму“, изјави Туск.

Претседателот на Европскиот Совет на прес-конференцијата ги повика Скопје и Тирана да не се откажуваат.

„Денеска сакам да испратам порака до нашите македонски и алабански пријатели – ве молам не се откажувајте. Целосно ја разбирам вашата фрустрација, бидејќи заслуживте, а не добивте. ЕУ е комплексен политички ентитет и вистина е дека некогаш носењето одлуки трае предолго. Но, апсолутно не се сомневам дека еден ден ќе станете полноправни членки на ЕУ“, порача Туск.

Германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференција кажа дека „многу жали“ што ЕУ не успеа да постигне консензус и посочи дека против биле Франција, Данска и Холандија.

МИА/Фото:Franceinfo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски повика на лидерска: Не е време за разочарување, туку за обединување

Макрон по блокадата: Иднината на Македонија и Западен Балкан не мора да биде во ЕУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од ЕУ не изолираа како глувци, среќни ли се конечно тие што не ги почтуваат мерките и тие што не веруваат во Ковид-19?

Редакција

Апелациониот суд ја укина пресудата за Сашо Мијалков и Мендух Тачи за „Титаник 2“

Редакција

„Лукоил“ го доби тендерот на ПИОМ за набавка на горива вреден 48.000 евра

Редакција