еМагазин
Image default
Македонија

Коневски ќе бара оставка од Мицкоски: Добронамерно те советувам да се посветиш на многубројното членство

Мицкоски, место да се занимаваш со својата позиција и преку медиумите и колумнистите блиски до тебе да ги обвинуваш партиските неистомисленици, добронамерно те советувам во наредниот период, кој е клучен за ВМРО – ДПМНЕ, да се посветиш на многубројното членство, напиша членот на ВМРО-ДПМНЕ и поранеше градоначалник, Ивица Коневски.

„Многу пати досега ти укажав дека мора да покажеш конструктивност и да го обединиш членството, затоа што тоа е неопходно за ВМРО – ДПМНЕ и нејзиниот успех на претстојните претседателски избори. А, доколку партијата загуби, ти како актуелен претседател, ќе мораш да понесеш одговорност.
На професорката Гордана Силјановска – Давкова ѝ посакувам успех во трката за претседател, што истовремено ќе биде и тест за партијата и нејзиното раководство.

Од срце посакувам да победиме, но за да се случи тоа, потребно е обединување. За жал, многу квалитетни и искусни луѓе во моментов се тргнати на страна од партијата, а можат и сигурен сум дека сакаат да му помогнат на ВМРО – ДПМНЕ. Независно од обидите да се релативизираат резултатите од претседателските избори, за евентуалниот неуспех, одговорност мора да има.

Во контекст на ова, би сакал да те потсетам дека Никола Груевски поднесе оставка од позицијата претседател на партијата по поразот на локалните избори во 2017 година“, вели Коневски.

фото: Фејсбук-профил на Ивица Коневски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителката е со истечен мандат, рочиштето против Рашковски за случајот „Софтвери” одложено за 14 март

Редакција

Вакцинирајте се, во Европа и светот веќе се воведуваат ограничувања за невакцинираните граѓани, порача Филипче

Редакција

15 години затвор за неготинецот што ја претепа партнерката, која почина од повредите 

Редакција