еМагазин
Image default
Свет

Конфликтот меѓу САД и Кина сериозна закана за светскиот мир

Кинеската армија изрази силна огорченост поради воведувањето американски санкции и ги повика САД веднаш да ја повлечат одлуката, соопшти Министерството за одбрана на Кина.

Портпаролот на кинеската војска изјави дека овој потег на САД е „флагрантно кршење на основните правила на меѓународните односи” и дека е вистински „показател на хегемонизмот”, кој тешко ги нарушил односите на Кина и САД, како и меѓу армиите на двете земји.

„Бараме американската страна веднаш да ја поправи својата грешка и да ги повлече т.н. санкции. Во спротивно, американската страна ќе мора да ги сноси последиците предизвикани од овој чин“, рече тој.

Тој наведе дека кинеската војска испратила протест до американската страна, објави агенцијата Ксинхуа.

Вашингтон воведе санкции поради купувањето руски борбени авиони и проектили земја-воздух.

На мета на санкциите се најдоа и кинеското Одделение за развој на опрема и директорот Ли Шангфу поради „значителни трансакции“ со рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“.

Американската администрација на црната листа стави уште 33 кинески државјани и субјекти кои соработуваат со руската армија и разузнавачката служба.

Санкциите се воведени врз основа на актот усвоен во 2017 година во САД наречен „Акт на борбата против американските противници преку санкции“.

Кинески функционер истакна дека воената соработка меѓу Кина и Русија е вообичаена соработка помеѓу двете суверени држави, во согласност со меѓународното право, и дека САД нема право да се меша во таквата пракса.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Русите првпат ги нападнаа Днипро и Луцк

Редакција

„Фејсбук“ согласен да плати рекордна казна од пет милијарди долари

Редакција

Најмалку 35 лица загинаа, а 134 се ранети во нападот на руските сили врз воениот комплекс во близина на Лавов

Редакција