еМагазин
Image default
Бизнис

Копач за „Телма“: Можни се санкции ако Македонија не го реши спорот за „ГА-МА“ и не го спроведе Третиот енергетски пакет

Македонија мораше да го имплементира Третиот енергетски пакет во 2015 година, а раздвојувањето на операторот на преносниот систем на гас требаше да се случи на 1 јули 2016 година, вели во интервју за „Телма“, директорот на Секретаријатот на Европската енергетска заедница, Јанез Копач.

„Ние би можеле да почнеме прекршочна постапка против Македонија. Не сме сакале, бидејќи чекавме овој проблем да се реши. За жал не е решен, ќе почекаме уште малку, но тој проблем за раздвојување на операторот на преносен систем е решен секаде, само уште во Македонија и Босна и Херцоговина.

Прекршочната постапка не е добра за имиџот на земјата особено не за земја која се залага за разговори за членство ЕУ. А инаку прекршочната постапка трае долго, од една до две години и на крај може да значи санкции односно ускратување на средствата на ЕУ. Но, тоа е црно сценарио, и се надевам дека ќе биде претходно средено“, вели Копач.

Имено, Владата се уште не ја потпишала Спогодбата со која вонсудски ќе се завршат судските спорови во врска со „ГА-МА“ АД Скопје, по што „Макпетрол“ АД Скопје ќе го продаде својот дел од сопственоста во „ГА-МА“ АД Скопје на Владата.

Енергетската заедница учествуваше во медијацијата за случајот со ГА-МА, и според Копач, за нив,  овој проблем бил решен, бидејќи Владата се согласила со записникот, тоа било потпишано.

„Сметавме дека само техникалии се во прашање, некоја формалност. Но за жал се остана некаде во воздухот. Може и оваа сегашна Влада тоа да го реши, бидејќи сите основи за тоа да се реши тој спор се донесени,“ додава Копач во интервјуто.

Фото: МТИВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пелистерка“ со загуба од 8,7 милиони денари во првите три месеци од годинава

Редакција

Голема разлика во цените: Два станови во Куманово за еден во скопски Карпош

Редакција

Нови авионски линии од Анкара, Измир и Истанбул до Скопје и Охрид

Редакција