еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

„Корона-каматите“ треба да се изучуваат како пример за општествена неправда

Не престануваат реакциите во јавноста откако повеќето банки ги објавија понудите за промена на кредитни услови поради кризата со корона вирусот со кои се овозможува одложување на плаќањето на обврските и месечните рати за шест месеци, но продолжува да тече каматата.

Голем дел од граѓаните се револтирани бидејќи по истекот на тие шест месеци нивниот долг кон банките всушност ќе биде поголем, што ја доведува во прашање идејата за носењето на нови мерки со која нели требаше да се олесни финансискиот товар во услови на корона вирусот.

Од друга страна, државата и банките сметаат дека тоа е рационално решение при тоа не кажувајќи дека банкарите и нивните акционери ќе заработат солидна сума на корона кризата.

Прашање е дали воопшто некој размислил што ако корона вирусот се задржи подолго од шест месеци и како тоа ќе влијае врз финансиите на граѓаните и нивната способност за отплата на кредитите, кои патем би се зголемиле со „корона камата“.

Монетарната власт од една страна тврди дека банките се доволно капитализирани, што значи дека тие би требало да бидат способни и без камати да го одложат плаќањето на кредитите, но од друга страна наместо да ги заштити дозволува десетина банки да профитираат на грбот на граѓаните.

Очигледно е дека суровиот капитализам и во Македонија е пуштен на „најјако“ и дека граѓаните доколку  не сакаат да бидат негови жртви најдобро е да најдат сили и да ги одбијат понудите на банките односно да продолжат редовно да си ги отплаќаат кредитите.

Но, тоа ќе значи и редовна посета на банките и зголемување на ризикот од ширење на корона вирусот.

На крајот, жално е што голем број од граѓаните поради загубените работни места и падот на економската активност навистина нема да бидат во можност да продолжат со редовна отплата на кредитите и од корона-кризата ќе излезат со поголеми долгови и посиромашни.

Никој нормален не би требало да посака зголемување на сиромаштијата на Македонија, но се чини дека профитот на банките е поважен од се.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Банките решија да наплаќаат камати на „корона кризата“

Ангеловска: Каматите на кредитите не се простуваат никаде

НЛБ Банка ја објави понудата за промена на кредитните услови за граѓаните

УНИ Банка ја објави понудата за промена на кредитините услови за граѓаните поради корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЦГК: Прекршен законот за 68 отсто од договорите за јавни набавки поврзани со Ковид-19

Редакција

Денеска во Берлин почнува Самитот за Западен Балкан: Кој се е во македонската делегација

Редакција

Која е Ирена Јовева, првата европратеничка со македонско потекло

Редакција