еМагазин
Image default
Бизнис

Корона кризата удира: Голем пад на индустриското производство

Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во март 2020 година, во однос на март 2019 година бележи пад од 13,4 отсто.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „Рударство и вадење на камен“ во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање од 10.8 %, во секторот „Преработувачка индустрија“ од 14.3 %, а во секторот „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ производството опаднало за 11.5 %.

Намалувањето на производството во секторот „Преработувачка индустрија“ е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, текстил, облека, други неметални минерални производи, метали, електрична опрема, машини и уреди, неспомeнати на друго место и моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање кај енергија за 12 %, интермедијарни производи, освен енергија за 11.9 %, капитални производи за 20.1.%, трајни производи за широка потрошувачка за 7.8 % и нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.1.%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари − март 2020 година, во однос на периодот јануари − март 2019 година, изнесува 96.3.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Економскиот удар доаѓа: Корона вирусот го „секна“ извозот на јаболкото, инвестициите, закупнините…

ММФ предвидува пад од 4 отсто на македонскиот БДП, а следната раст од 7 отсто

Светска банка: Корона вирусот ќе ја однесе во рецесија македонската економија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преполовен прометот на Македонската берза

Редакција

Стопанска комора со вонредна седница: Бизнисмените уште еднаш ќе му „нацртаат“ на Тевдовски дека се против прогресивното оданочување

Редакција

Дирекцијата за заштита и спасување вработува седум лица, плата до 71.980 денари

Редакција