еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Корона кризата удира: Намален бројот на работниците во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во март годинава, во однос на истиот месец лани е помал за 4.5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во март бележи опаѓање во секторите: рударство и вадење на камен од 1.6 %, преработувачка индустрија од 4.8 % и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 0.5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање кај енергија за 0.9 %, интермедијарни производи, освен енергија за 6.3 %, трајни производи за широка потрошувачка за 9.0 % и нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.8 %, додека пораст од 0.3 % бележи кај капитални производи.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ март 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ март 2019 година, е помал за 3,6 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Finance Think: Компромитирана мерката за финансиска поддршка, можно максимизирање на отпуштањата

Горчлива првомајска честитка за работниците: Нови услови за помош или за отпуштања

Сите детали: Нови услови за мерката 14.500 денари субвенции за плати во стопанството

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Винската индустрија пред колапс, бара поддршка од државата

Редакција

Со што Бесими и функционерите заслужија покачување на платите, а администрацијата не, реагираат од ССМ

Редакција

„Поскапеле“ кафаните

Редакција