еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Корона вирусот ги „замрси“ сметките: Нова вонредна состојба или избори?

Во сабота истекува вонредната состојба, која три пати беше продолжувана поради епидемијата на корона вирусот. Сега, сите очи се вперени во Владата, но и во политичките партии. Владата до петок треба да донесе одлука за евентуално продолжување на вонредната состојба, а политичките партии да се договорат дали и кога ќе има избори.

Вицепремиерката Мила Царовска изјави дека се исцрпени сите потреби за продолжување на вонредната состојба. Според неа, веднаш по завршувањето на вонредната состојба, мора да продолжат подготовките за одржување на изборите кои според законските и уставните рокови треба да бидат на 5 јули.

Вицепремиерот Бујар Османи најави дека од тоа дали ќе има нова вонредна состојба и мислењето на Комисијата ќе бидат одлучувачки за датумот за одржување на изборите.

Се чини дека разгорувањето на епидемијата на корона вирусот во изминатите неколку дена предизвика ретерирање на оние што навива за што побрзо одржување на избори.

Најверојатно се чекаат и новите анкети околу рејтингот на партиите, на што големо влијание ќе има и менаџирањето на состојбата со корона вирусот.

Всушност, сега ќе се чека последниот момент за да се донесе одлука и дали ќе има избори ќе зависи од тоа колку граѓаните ќе ги почитуваат мерките за заштита и колкав ќе биде бројот на новозаболени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 87 случаи заразени од корона вирусот, најмногу 41 во Скопје

Во Македонија има повеќе жени заразени со корона вирусот

Нема полициски час, ама МВР и инспекторатите ќе вршат засилени контроли во подрачјата со зголем број на заразени со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставен времено ги „замрзна“ покачените плати за дел од вработените во Министерството за финансии

Редакција

Бизнисот против замрзнување на цените, смета дека државните резерви се подобар механизам

Редакција

Семејствата на починатите во пожарот во модуларната болница бараат ново обвинение

Редакција