еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Корона вирусот покажа колку сме себични

И покрај тоа што на сите ни е јасно каков е нашиот менталитет, сепак просто за неверување е дека се уште има лица кои треба да се самоизолираат, посебно тие што се враќаат во Македонија од други земји, а не го праваат тоа и не загрозуваат сите нас, но и нивните семејства и најблиски.

Каков човек треба да си за да се однесуваш вака?

Што да кажам за граѓаните кои ги испразнија полиците на супермаркетите и аптеките, немислејќи за другите, на кои некои од продуктите им се многу попотребни.

Или за бизнисмените кои сакаат да ќарат од оваа несреќа што го снајде човештвото.

Да не ја спомнувам несовесната поранешна директорка на Клиниката за кожни болести, која го доведе во опасност здравствениот систем, колеги, но и пациенти и затвори две клиники.

Корона вирусот, полека, но сигурно го вади најлошото од луѓето и покажува колку сме себични и мислиме само на себе и тоа во криза на која за некој период ќе и дојде крајот, насекаде низ светот, не само кај нас.

Еми какви ќе станеме ако истата трае со години?

Епидемијата на корона вирусот не „спушти“ на земја, никој не е недопирлив, и сега е вистинското време да се преиспитаме колку сме ние навистина човечни, да се свртиме кон семејството, за кое во оваа модерно време и немаме баш многу време, да се вратиме на себе, бидејќи многумина од нас се „изгубија“ во таа секојдневна трка за пари и опстанок…

Гестот на мобилниот кафе бар „Номад“, мал бизнис од Скопје, кој од денеска на сите здравствени работници ќе им нуди бесплатно кафе и пијалоци сепак покажува дека не е се изгубено и дека има надеж за сите нас, само ако сакаме.

Или примерот со волонтерите на Црвениот крст, кои се на првата линија на „фронтот“ со корона вирусот уште на почеток на кризата.

Сега е вистинското време да се сплотиме и да мислиме на сите, а не само на себе. Колку ќе трае кризата ЗАВИСИ ОД СИТЕ НАС!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

140 лица потпишале изјави за самоизолација, ако не се самоизолират кривично ќе одговарат

Стотината заглавени во општините Дебар и Центар Жупа, остануваат таму до крајот на кризната состојба

Убав гест од „Номад“: Бесплатно кафе и сокови за персоналот од Државната болница

(Фото) Браво за волонтерите на Црвен крст, кои се во првите борбени редови во „битката“ со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Речиси две третини од здравствените установи во Газа запреа со работа, убиени 65 медицински лица

Редакција

Штип, Свет Николе и Куманово со најмногу заразени со Ковид-19 на 100.000 жители

Редакција

Европската централна банка повторно ги зголеми каматните стапки, очекува висока базична инфлација

Редакција