еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Корона вирусот пристигна и кај нас, заразена жена која месец дена била во Италија

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција потврди дека пациентка е позитивна на корона вирусот. Таа била хоспитализирана во три часот после полноќ на Клиниката за инфективни болести.

„Нема простор за паника, сместена е на Инфективната клиника во оддел за изолација, и се третира соодветно. Според епидемиолошките анализи, укажаа дека веќе еден месец била Италија на прошeтка. Таа две недели била болна и иницијално била третирана во италијанските здравствени установи, но не била тестирана. По влегување во земјата директно се упатила на Инфективната клиника. Инкубацијата одамна е помината и во момент на транспорт не претставува опасност да ја пренесе болеста,“ рече Филипче.

Патниците кои биле со неа во комбето се бараат, како и нивните најблиски, за да се спречат патиштата на ширење.

Тој рече дека е во контакт со министрите во Грција, Србија, Албанија и Косово и подоцна ќе се соопшти какви мерки ќе бидат преземени во однос на граничните премини, бидејќи еден случај е откриен и во Грција.

Тој апелираше сите компании и институции што имале вработени кои патувале во Северна Италија, да не ги примаат на работните места 14 дена и да седат дома, а истото се однесува и на учениците.

Во поглед на побарувачката за заштитни маски, со оглед на начиниот на пренесување преку нечисти раце, маската како што кажа Филипче може да биде дополнителен ризик за заболување. Маски треба да носат заболени за да не ја шират болеста, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На овие телефонски броеви може да се јавите при сомнителни симптоми на корона вирус

Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки

Изолациски центри за сомнителни случаи од корона вирус ќе има и во Велес и Гостивар, ќе ги обезбедува полиција

Превенција од коронавирусот: Маски за еднократна употреба, кои се најевтини, НЕМА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штериев бара дополнителни списи од ЈО за Јанева, Јовески смета дека некој од нејзините колешки може да ја замени

Редакција

„Стентон градба“ го доби тендерот на ЕСМ за набавка на хидротехничка опрема вреден два милиони евра

Редакција

Апелација: Постапувањето по предметот ТНТ е во согласност со одредбите на Законот за кривична постапка

Редакција