еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Корона вирусот „пристигна“ и во Грција: Заразена 38-годишна жена во Солун

Позитивни се резултатите на коронавирус од примерокот на 38-годишна жена во Солун, со што е и првиот потврден случај на Ковид-19 во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Жената неодамна патувала во Италија, a е во добра здравствена состојба, како што соопшти портпаролот на грчкото Министерство за здравство и научен соработник во грчката Национална организација за јавно здравје, проф. Сотирис Циодрас.

– Потврден е првиот случај на вирусот во Грција. Станува збор за Гркинка, на 38-годишна возраст, која патувала во регион во северна Италија. Во добра здравствена состојба е, ја следи тим од одлични колеги во Солун. Во овој момент, се проверуваат нејзините контакти и нејзините блиски контакти, доброволно ќе бидат ставени во изолација и ќе се следи нивната здравствена состојба, рече Циодрас.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да не беше корона вирусот, училиштата немаше да видат сапун

Втор случај на заболен од корона вирус во Хрватска

„Нас не ни треба коронавирус. Ние си ги имаме политичките партии„: Твитер реакции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меѓу десетте починати лица од Ковид-19 од Тетово и 36-годишна жена

Редакција

Со законски измени крај за лихварските провизии и трошоци кај кредитите

Редакција

Украина тврди: 2.800 руски војници се „изгубени“, уништени се 500 воени возила, 80 тенкови и 10 авиони

Редакција