еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Корона вирусот се „врати“ во Вухан: Се „олабавува“ ли светот прерано?

Нови случаи на коронавирусот се појавија во Вухан и во уште еден град во Кина и во Јужна Кореја. Состојбата е загрижувачка поради очигледната способност на вирусот да продолжи да се шири незабележано, објави Си-ен-ен.

Иако бројката е далеку помала од оние што секојдневно се пријавуваат во Западна Европа и САД, враќањето на вирусот, ја доведува во прашање одржливоста на повторното отворање на градовите.

Кина и Јужна Кореја ја спречија епидемијата на коронавирусот благодарение на мерките за физичко растојание и внимателен надзор, но како што животот постепено почна да се враќа во нормала во тие земји, се појавија нови жаришта на зараза.

Претседателот на Јужна Кореја, Нун Џае-ин, предупреди за втор бран на епидемијата, по порастот на бројот на нови случаи, поврзани со ноќните клубови во Сеул, кои ги посетувал маж во доцните 20-ти години, кој бил позитивен на вирусот.

И во Кина се воведени нови ограничувања, откако се појавија нови случаи на коронавирусот во два града.

Градот Шулан во североисточната провинција Јилин воведе мерки за затворање, откако беа потврдени 11 заразени лица.

Јилин се граничи со Русија и Северна Кореја, поради што во покраината и претходно имало загриженост за увезени случаи.

Уште позагрижувачки е фактот што во Вухан се појавија нови случаи, градот кој од крајот на минатиот месец почна да се враќа во релативно нормален живот по 76 дена изолација.

Градските власти денеска пријавија пет нови случаи, од кои сите се локално пренесени.

Може да излезе дека новите случаи се само капка во океанот и ќе бидат потиснати, но фактот што двете држави, кои, како што се чинеше, ја држат епидемијата под контрола, пријавуваат нови локални пренесувања, мора да биде причина за загриженост.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Со неверојатно светлосно шоу отворен Вухан, од каде се почна

(Видео) Во Вухан се отстрануваат последните ограничувања поради корона вирусот, животот полека се враќа во нормала

(ВИДЕО) Директорот на фотографија за „Медена земја“, Фејми Даут снима документарец во Вухан, од каде се почна

Фото: Free press journal

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оштетени магистрални оптички кабли на Телеком на повеќе локации, од компанијата велат дека проблемот е решен

Редакција

Од сабота во пораст дневната температура

Редакција

Кој друг освен Пендаровски го осуди терорисистичкиот напад во Москва

Редакција