еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Коронавирусот не е направен од човек, тврдат американски разузнавачи

Од Националната разузнавачка служба на САД тврдат дека новиот коронавирус не го направил човекот, ниту е генетски модификуван, пренесува aljazeera.com.

„Разузнавачката заедница се сложува со широкиот научен консензус дека вирусот Ковид-19 не е направен од човек, ниту е генетски модифициран.

Ќе продолжиме со ригорозното испитување на информациите и разузнавачките податоци за да се утврди дали епидемијата почнала преку контакт со инфицирани животни или е резултат на несреќен случај во лабораторијата во Вухан“, се наведува во соопштението на американските служби.

Научниците сметаат дека вирусот настанал претходно кај лилјаците.

Овој став на американските разузнавачки служби е спротивен на тој на американските власти.

Како што е познато, државниот секретар на САД, Мајк Помпео смета дека вирусот сепак „настанал“ во лабараторија во Вухан, од каде почна епидемијата, а која е под водство на Кинеската академија на науки.

Во таа лабараторија, како што објавија бројни светски медиуми изминатиов период се вршеле истражувања за потеклото на вирусот САРС, а во истата се откриени нови вируси кај лилјаците и начини како тие можат да се префрлат на луѓето.

Кинеските власти пак сметаат дека оваа „теорија„ според која вирусот протекол од лабораторијата „се неосновани и измислени“.

Кина одбива учество во меѓународна истрага за потеклото на вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 81: Четири новопочинати од коронавирусот, дури тројца од Прилеп

Вкупно 807: Нови 69 излекувани пациенти од коронавирусот во Македонија

Вкупно 1.494: Нови 29 случаи на заболени со коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Православните христијани го слават Рождеството Христово – Божик

Редакција

Бизнис-заедницата против прогресивниот данок: Ќе се зголеми сивата економија

Редакција

Нова „шлаканица“ за Борис Џонсон: Усвоен Закон за спречување на Брегзит без договор

Редакција