еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат, ќе се провлекува се додека има такви кои го ингнорираат, порачува Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче се огласи на својот Фејсбук профил по изјавата на Реисот Реџеп Сулејмани, дека корона вирусот е мртов и по прославата на двата празника викендов.

“Фотографиите и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки.

И покрај апелите на здравствените институции да нема масовни собирања, да се почитуваат мерките за држење дистанца и ограничувањето на движењето, тоа не се случи.

Го почитувам празнувањето и силно верувам дека тоа се значајни настани за сите нас, независно на која вера припаѓаме. Но, оваа година празниците во целиот свет се празнуваат на еден поинаков начин, ставјаќи го сопственото здравје и на нашите сограѓани пред се и над се.

Им благодарам на граѓаните кои се придржуваат кон мерките, а кои за жал, понатаму можат да бидат изложени на ризик поради оние коишто тоа не го прават.

Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат. Тој е тука и за жал, проблемот ќе се провлекува се додека има такви кои го ингнорираат.

Многу пати повторив, но еве уште еднаш ќе кажам. Здравствените работници не можат сами. Мерките се добри и навремени, но тие функционираат само ако се почитуваат, во спротивно немаат ефект.

Почитувањето на мерките и ефектите од нив зависат само од нас како граѓани. Едноставно мора да се прифати новиот начин на живот, мора нашето секојдневие да го прилагодиме почитувајќи ги препораките“, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Св. Ѓорѓија ја уби ламјата, Реисот ја уби короната„: Твитер реакции

Повеќе жени, 12 со претходни заболувања, детали за новите случаи на заразени со корона вирусот

Во Скопје, Тетово, Прилеп, Велес и Куманово најмногу активни случаи на заразени со корона вирусот

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија тврди дека поседува докази за вмешаност на Пентагон во финансисрање воено-биолошки проекти во Украина

Редакција

Судењето за „Плацеви на Водно” продолжи со изведување на материјални докази од страна на Обвинителството

Редакција

„Прв дојден, прв услужен“: Општина Центар доделува субвенции за кациги за велосипед и седишта за деца

Редакција