еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Коронавирусот во Македонија „влезе„ и во домовите за стари лица

Хигиеничарка е со позитивен тест во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во скопската Општина Ѓорче Петров, каде претежно пациенти се стари лица.

Информацијата вчера ја соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече и дека за дел од вработените е препорачана самоизолација.

“Направена е епидемиолошка анкета во однос на контактите што ги имала со вработените. За дел од колешките и колегите е препорачана самоизолација“, рече тој.

Домовите за стари лица, посочи тој, се едни од местата на кои треба да се пристапи со исклучително висока доза на внимателност, зошто многу често тие лица се со хронични болести.

За следната недела најави серолошко тестирање на сите кои се сместени во домовите за стари лица.

“Од следната недела ќе пристапиме со серолошко тестирање на сите кои се сместени во домовите за стари лица со цел да се направи подобра проценка на нивната состојба“, изјави Филипче.

Корисничка и две вработени од Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово позитивни на коронавирусот

Вчера беше потврдено дека и една корисничка и две вработени од Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово се позитивни на коронавирусот.

“Вработените се во изолација од седми април годинава, кога беа тестирани со други вработени од персоналот.

Тестирањето беше иницирано по несреќен случај на враќање од лекување на наша корисничка која претходно била хоспитализирана во болница заради други неодложни здравствени проблеми и сместена во домот во соба за изолација“, изјави директорот на установата, Дејан Стојановски, пренесе МИА.

Во домот нема други заразени, ниту помеѓу корисниците, ниту помеѓу вработените.

Од почетокот на ширењето на вирусот во Домот биле преземени мерки и вработените користеле заштитна опрема.

Пациент инфициран со коронавирусот во Битола

Пред неколку дена беше соопштено и дека пациент во Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола е позитивен на коронавирусот.

Тој беше пренесен на Инфективното одделение во болницата во Битола, а за Ковид-19 беа тестирани сите пациенти кои биле со него во иста соба и на истиот спрат. Тестовите беа негативни.

Во самоизолација завршија девет медицински сестри од Домот, каде беше направена дезинфекција и беше забранета посета.

Домовите за стари лица во светски рамки се едни од најпогодените со пандемијата со коронавирусот, посебно во Шпанија, Италија, а последниве денови и во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем дел на возраст од 30 до 39 години, повеќе жени, детали за новозаразените со коронавирусот во Македонија

Кај тројцата новопочинати од коронавирусот евидентирана хронична и здравствени состојби

Аларм: 194 здравствени работници во Македонија заразени со коронавирусот

Филипче сам за Велигден

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција утре ја отвара границата, потребен Ви е ПЦР тест, доказ за вакцина или антитела

Редакција

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни за „ширење на расистички и ксенофобичен материјал“

Редакција

(Фото) Филипче: Процентот на хоспитализирани пациенти заболени од Ковид-19 се намали за 2% во изминатите две недели

Редакција