еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Косово доби влада: Албин Курти е новиот премиер

Собранието на Косово го изгласа денеска со мнозинство гласови лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти за нов премиер и го усвои неговиот предлог за состав на новата Влада на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Предлогот на Курти беше усвоен со 66 гласа „за“, десет „воздржани“ и без ниеден глас „против“ во 120-членото Собрание на Косово.

Пред самиот чин на гласање, собраниската сала ја напуштија пратениците на опозициските партии на Албанците, Демократската партија на Косово, Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската иницијатива, а воздржани беа десетте пратеници на најголемата партија на ксоовските Срби, Српската листа (СЛ).

Идниот кабинет на Курти ќе има 15 министерства и двајца вицепремиери. По шест од министерствата се доделени на ВВ и на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), две ќе ги води Српската листа и едно групата „Г-6“ на другите немнозински етнички заедници.

Министри од редовите на Самоопределување се: Албулена Хаџиу за правда, Глаук Коњуфца за надворешни работи, Бесник Бислими за финансии, Розета Хајдари за економиа, Арбен Витиа за Здравство и Блерим Река за евроинтеграции, додека на местото втор вицепремиер е избран Хаки Абази.

Прв вицепремиер ќе биде Авдулах Хоти од ЛДК, додека министри од партијата на Иса Курти ќе бидат и Антон Ќуни за одбрана, Агим Велиу за внатрешни работи, Љумир Абиџику за инфраструктура, Бесиан Мустафа за земјоделство, Хикмете Бајрами за образование и Вљора Дурмоши за култура.

Од претставниците на СЛ министер за заедници и враќање ќе биде Далибор Јевтиќ, додека министер за регионален развој Иван Милојевиќ.

Член на кабинетот на Курти од немнозинските етнички заедници ќе биде Емилија Реџепи која ќе го води ресорот на администрација и локална управа.

По положувањето на заклетвата, новиот косовски премиер одржа пригоден говор, во кој порача дека ќе владее отчетно и транспартно, врз основа на волјата на граѓаните.

МИА/Фото: Фејсбук/Курти

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блерим Река, кандидатот за претседател на Македонија, стана министер во Косово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сезонава само 379 регистрирани случаи на грип, најмногу заболени кај децата до 4 години

Редакција

(Фото) Политичарите денеска гласаа со семејствата

Редакција

Манчевски: Не можеш цел живот да се занимаваш со политика, заминав бидејќи ќе го работам она што го сакам

Силвана Жежова