еМагазин
Балкан

Косово повторно ја разгоре трговската војна со Србија

Косовската Влада забрани увоз на стоки од Србија, доколку во документите не стои „Република Косово“. Српските медиуми пренесуваат дека неколку камиони веќе биле вратени од границата и дека им се барала дополнителна документација.

„Во трговските односи со Србија, забранета е употреба на документи за земјоделски и индустриски производи кои користат имиња на земји или содржат други елементи што се во спротивност со уставот и законодавството на Косово“, соопшти косовската влада.

Ваквиот чекор наиде на лавина реакции во Србија.

„Дијалогот е на респиратор“, рече српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Трговската војна меѓу двете страни трае подолг период, а Косово најновата мерка ја образложи како реципротитет на ограничувањата од Србија кои, како што велат, го зголемуваат косовскиот трговски дефицит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово ќе ги укине таксите на производите од Србија и Босна и Херцеговина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Во Истанбул се отвара најголемиот аеродром во светот: Како изгледа

Редакција

(Видео) Вознемирувачки снимки од островот Евија, кој го погоди невремето “Илиас„

Редакција

Почна расправата во грчкиот Парламент за ратификација на Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Редакција