еМагазин
Image default
На кафе во Кантина

Коста Костадиновски: Да не работев со инвестиции, ќе работев нешто поврзано со спортот

Коста Костадиновски, главен директор во инвестицискиот фонд Илирика, како што вели уште од мал и покрај тоа што во Македонија, во тоа време, се уште не функционирала берзата, го интересирале сите работи поврзани со пазарите на капитал.

„Уште како дете во очи ми падна тикерот. Ме интересираше зошто за некои компании стои плус, а за некои минус. Се прашував какви се тие акции, како изгледаат, што е тоа акционерско друштво, кој е акционер, како се тргува…“, раскажува Костадиновски.

Некакви информации успеал да добие од неговата мајка, која по професија е економист, но во сферата на сметководството, па Костадиновски почнал сам да го истражува светот на берзите.

Поради овие интереси запишува општа гимназија-математички смер во гимназијата „Раде Јовчески-Корчагин“, но вистинските информации за се што го интересира околу случувањата на пазарите на капитал ќе ги добие на студиите на факултетот Шефилд во Солун, каде студира бизнис студии во групата финансии.

„Таму добив уште една потврда дека тоа е она што сакам да го работам во иднина. Посебно ми остави впечаток еден од професорите, кој ми предаваше последната година, за инвестиции, пазари на капитал. Од него научив многу, а посебно ми беа впечатливи неговите искуства кои ги сподели со нас, за бумот на Грчката берза во 1999/2000 година„.

Првото работно искуство го има по завршувањето на студиите во трговска компанија рангирана високо во едицијата “Капитал 200 најголеми и најуспешни“, работејќи во логистика.

Таму останува кратко, а „финансиското крштевање“ го има во новоформираниот НЛБ Нов пензиски фонд.

„Бев дел од тимот кој го поставуваше овој Фонд. Бевме одлична екипа, со искусни банкари од Тутунска банка и НЛБ од Словенија. Работев и учев како се работи буквално со се. Од тргување со хартии од вредност до продажба“.

Во 2009 година влегува во нов предизвик, станува дел е од тимот  на инвестицискиот фонд Илирика, кој од реномираниот магазин Investors Review неодамна беше прогласен за една од најдобрите инвеститорски финансиски институции за изминатата година. Илирика ги доби признанијата за Fund Elite, Single Manager и Finest in Finance.

Таму почнува како портфолио менаџер, а сега е главен директор.

„Имам среќа да работам со одличен и искусен тим. Стартот ни беше во најголемата криза, која почна претходната година. Тоа беше добра школа за сите, но реално скапо ја плативме. Но, сепак научивме многу работи“.

Денеска работите се многу поразлични и како што вели Костадиновски пред нас е година која ќе донесе многу интересни и возбудливи случувања на берзанскиот пазар и кај нас.

За својата работа вели дека е многу стресна, но и дека е една од најплатените професии во земјава. Но и дека работите кај нас се многу поразлични од сликата која ја добивме за светот на брокерите од веќе култниот филм на Скорсезе, „Волкот од Вол Стрит“.

„Секој ден е нов предизвик. Денот ни го водат информациите поврзани со компаниите, општите состојби, но и тие поврзани со политичките случувања“.

Освен на берзите, Костадиновски е и голем љубител на автомобилизмот и спортот. Добар пријател е со нашиот автомобилски првак Игор Стефановски-Иџе, па за малку и самиот ќе бил дел од вистинска трка со автомобили.

„Автомобилизмот е спорт со огромен ризик и не трпи инпровизации како некои други спортови. Или го правиш или не“.

Затоа практикува споротови со помал ризик, како фудбал, пешачење на Водно или кошарка:

„Да не работев со инвестиции, сигурно ќе работев нешто поврзано со спортот“.

Во брак е веќе десeт години и има два сина.

„На помалиот се обидувам да му ја всадам љубовта кон автомобилизмот, а поголемиот веќе е страстен ловџија под влијание на дедо му. Уште се многу мали и што да одлучат понатаму ќе ја имаат мојата подршка, како што јас имав подршка од моите родители да го правам тоа што го сакам„.

Нашето мени

Од богатиот избор на ресторанот Гурмет со Костадиновски се определивме за рижото со пилешко.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наумовска Грнарова: Да си исполнет и среќен, тоа е најголем успех

Силвана Жежова

Вилма Русковска: Политиката ми затвори многу врати

Петре Димитров

Кристина Озимец: Ни требаат повеќе жени на лидерски позиции во медиумите

Петре Димитров