еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ: Поднесена иницијатива за испитување на уставноста на членови од КЗ врз основа на кои се терети Груевски

Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов на прес-конференција информираше дека дека адвокатите на Никола Груевски поднеле иницијатива за испитување на уставноста на членови од Кривичниот законик врз основа на кои се терети поранешниот премиер.

-Со иницијатива до Уставниот суд се обидуваат да ја оспорат уставноста на Кривичниот законик, односно членот 353 став 5, кој се однесува на злоупотреба на службена должност. Иницијативата има за цел одговорноста за неправилностите во јавните набавки да се префрли врз Комисијата за јавни набавки, а со тоа Груевски и неговите соработници, да бидат ослободен од одговорност. Истовремено, се бара предметите што се водат во моментов, а се однесуваат на кривичните дела поврзани со Злоупотреба на службената положба и овластување, да бидат запрени се додека Уставниот суд не се произнесе – рече Костадинов на прес-конференција.

Тој истакна дека со ова се потврдува дека „единствена цел на Мицкоски и сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е амнестија на криминалот на Никола Груевски“, додавајќи дека амнестија нема да има.

Фото: СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски: Против мене нема обвиненија за корупција, провизии, имотна корист, јавни набавки…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 296 болни од Ковид-19

Редакција

Телефонската централа преку која што се прислушувало во Основниот суд, била набавена преку Министерството за правда

Редакција

Заев за една од „бомбите“: Александар Верушевски ме снимал на ручек кај мене во Струмица

Редакција