еМагазин
Image default
Македонија

Директорот на затворот „Скопје“, Котевски: Од професионални и морални причини ќе поднесам оставка 

Директорот на КПУ „Скопје“, Ѓоко Котевски денеска изјави дека го прифаќа барањето на премиерот Зоран Заев и ќе поднесе оставка по вчерашните физички инциденти во кои учествуваа поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои се во притвор за настаните во Собранието на 27 април 2017.

Додаде дека оставката ќе ја поднесе кога ќе заврши истрагата.

-Јас сум одговорен човек, професионалец, посветен на службата и кога службата ќе потрфли логично е од професионални и морални причини да се поднесе оставка, изјави Котевски денеска пред затворот во Шутка.

Посочи дека од досегашната истрага на случувањата утврдени се пропусти во постапувањето и непочитување на стандардите безбедносни протоколи во службата за обезбедување во затворот  „Скопје“, поради што презема одговорност.

-Повторувам дека според очевидците и писмените изјави на лицата во вчерашниот настан вербалните инциденти ги започнале лицата М.Ј  и С.Р., после што биле физички нападнати. Се разбира за сите физички насилства нема оправдување. Тие треба секој да ги осуди, секој  од нас и затоа треба да се преземе одговорност, рече Котевски.

Тој најави дека во понеделник ќе биде завршена комплетната внатрешна истрага, а потоа извештајот ќе биде доставен до Министерството за правда, до Управата за извршување санкции и до Кабинетот на премиерот на Република Северна Македонија.

На новинарско прашање, Котевски рече дека во вчерашниот инцидент М. Ј. и С.Р. физички  биле нападнати од лицата  Л.К. и Е.С.

Котевски рече дека  М.Ј. С.Р. не шетале заедно, туку едниот во едно шеталиште, а после еден час и другиот во друго шеталиште. Тој додаде дека овие две лица се сместени во различни пављони.

-Обавени се разговори и земени се изјави од притворените лица кои беа вклучени во немилиот настан, рече Котевски.

МИА/ Фото: Принтскрин од видео на МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев побара оставка од директорот на затворот „Скопје“, Ѓоко Котевски

По инцидентот, Јанакиески и Ристовски префрлени во Хашкиот дел на затворот

Ги откри ли командант Малишева напаѓачите на Јанакиески и Ристоски?

По „тепањето“ на Јанакиески и Ристовски: Организирана политичка пресметка или исцениран случај?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На судењето за насилството пред Општина Центар сослушани двајца сведоци на одбраната

Редакција

(ВИДЕО) Како се тестираат идни припадници на специјалните единици на МВР

Редакција

Маглата одложи летови во Скопје, намалена видливост и на неколку патни правци

Редакција