еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Крајот на Ковид-19 се ближи, и доктор Пановски ќе се пензионира

Микробиологот Никола Пановски, на 30 септември заминува во пензија, вели тој за еМагазин, и случајно или не, неговото пензионирање се совпаѓа и со крајот на Ковид-19.

По тој повод, од колегите од Институтот за микробиологија и паразитологија добил подарок, карикатура „Пановски како супермен во боба против Ковид-19“, која одлично ја одразува неговата улога во борбата против Ковид-19.

За сопствениот придонес во оваа борба, еМагазин го прогласи и за личност на годината за 2021 година.

Тој е здравствен работник, а народски човек.

Пановски со своето „скромно“ искуство, 41 година лекар, 37 години специјалист, 30 години наставник, многу помогна во оваа пандемија од повеќе аспекти.

Тој е гласот и разумот на науката, во борбата против вирусот. Прв укажа на прекумерната употреба на антибиотиците, и штетата од нивното лекување во Ковид-19, при што беше „крената рачна“од страна на матичните лекари и фармацевтите.

Еден од ретките, кој употреби логика во укажувањето на нелогичноста на некои од мерките.

Она што е најважно, Пановски, секогаш беше достапен за да си го каже своето стручно мислење во врска со она што го прашуваа. И тоа се случуваше во еден комплициран период, кога поради презафатеноста и недостаток на кадар, граѓаните не може да дојдат ниту до нивните матични лекари.

Еден од ретките кои толкувал крвни анализи на граѓани, во коментари, на поставени прашања на постови на социјални мрежи. Веројатно, неговиот телефонски број е најсподелуваниот изминатите две години.

Улогата на Пановски беше од огромна важност, во контекст на правилното и точно информирање за избавување со пандемијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски: Ковид-19 траеше како и другите пандемии, во Македонија веќе е ендемија – треба анализа на смртноста

Личност на годината на еМагазин за 2021 година: Доктор Никола Пановски

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алкалоид започна процес на целосна дигитализација и автоматизација на процесите во сегментот Фармација преку имплементација на најсовремениот систем Manufacture Execution System – AlkaMES

Редакција

(Галерија) Мис Европа 2024: Две титули за Македонија

Редакција

Левица бара оставка, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична за Џафери, оти во Европскиот парламент се обрати на албански

Редакција