еМагазин
Image default
Бизнис

Кредитирањето на компаниите и населението во пораст, мал пад на депозитите

Првичните монетарни податоци за септември 2018 година покажуваат натамошен раст на кредитите, при забележано месечно намалување на депозитната база, информираат од Народна банка.

Во соопштението се вели дека депозитите забележале мал пад, што произлегло од намалувањето на корпоративните депозити, додека штедењето на домаќинствата и натаму се зголемува.

„На кредитниот пазар, во септември, се забележуваат позитивни поместувања кај корпоративното кредитирање, кое по намалувањето во претходните два месеца, во септември бележи раст и има најголем придонес кон растот на вкупните кредити.

Воедно, продолжи и трендот на зголемување на кредитната поддршка на населението. Депозитните и кредитните текови во текот на третиот квартал се повисоки од очекуваните за овој период, при што и нивото надепозитите и на кредитите во септември го надминува проектираното“, порачуваат од НБРМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалена добивката на „Жито Караорман“

Редакција

Да се преиспита изборот на сестрата на Катица Јанева, Лиле Делиџакова за член на УО на КХВ, бара Антикорупциска

Редакција

БИМ од Свети Николе со добивка во првите девет месеци

Редакција