еМагазин
Image default
Македонија

Кревети на Катица Јанева и мебел, гардероба и чанти на Боки 13 одат на продажба

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот,  Фатон Асани во интервју за весникот „Вечер“ вели дека неколку кревети на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која е во притвор за случајот “Рекет“, како и мебел, гардероба и чанти на Бојан Јовановски-Боки 13, првоосомничен во овој случај ќе се продаваат.

“На Катица Јанева и се одземени неколку кревети, а на Бојан Јовановски, мебел, лична гардероба и чанти. Парични средства, вили и станови не им се одземени. Ние сме известени само за овие работи и истите сме ги одзеле, а за другите предмети постапката сè уште трае.

Овие работи им се одземени и се доставени од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а ние како Агенција за управување со одземен имот имаме обврска истите да ги сместиме, чуваме и продаваме“, вели Асани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Телма: Фросина Ременски го сменила телефонот четири дена пред отварањето на „Рекет“

КОД: Во телефонот на Боки 13, фотографија на Јанева со 50 илјади евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До ДИК поднесени 23 приговори за Локалните избори

Редакција

Советот за безбедност одлучи да има уште 30 дена вонредна состојба

Редакција

Притвор за првоосомничениот во предметот „Синџир“, кој беше недостапен за полицијата

Редакција