еМагазин
Image default
Локално

Криумчари на мигранти бегајќи од полицијата се забиле во бетонски ѕид

На 29.01.2020 во 22.45 часот на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на бензинска пумпа кај с.Владевци, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „опел вектра“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Ш.С.(30) од с.Слатино, тетовско, но возилото не застанало, по што удрило во бетонски ѕид на бензинската пумпа, информира МВР.

„После тоа, возачот и совозачот го напуштиле местото на настанот, а полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток и СВР Струмица во возилото пронашле осум лица мигранти (еден од Сирија, тројца од Авганистан и четворица од Иран).

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица. Мигрантите се сместени во Прифатен центар за странци „Гази Баба“ и Привремен транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали камерите на околните објекти ја снимиле престрелката во Чаир: Детали од Обвинителството

Редакција

Детали од Обвинителството: 27-годишниот дилер од Синѓелиќ во бункер чувал хероин, кокаин и оружје

Редакција

Евтин криминал на државен службеник: Делел владини сим-картички на непознати лица

Редакција