еМагазин
Image default
Локално

Криумчарите уриваат рекорди: Крушевчанец напикал 45 мигранти во комбе

На 21.08.2019 во 09.30 часот во СВР Куманово биле приведен Ј.Х.(36) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, информира МВР.

Истиот ден во 05.45 часот на автопатот Куманово-граничен премин Табановце полициски службеници забележале запрено комбе „Фолксваген“ со скопски регистарски таблички, како истовара мигранти.

Во него биле пронајдени 45 лица-мигранти (42 од Пакистан, еден од Сирија и двајца од Авганистан), а возачот се дал во бегство, но подоцна бил пронајден во друго возило „Голф“ и приведен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за вработен во МВР кој одобрувал возачки дозволи за лица без положен испит

Редакција

Косовар неовластено ја снимал Касарната во Тетово

Редакција

Објектот на Универзална сала е осигуран

Редакција