еМагазин
Image default
Македонија

Кривичен ќе суди само притворски и предмети поврзани со загрозување на здравјето на граѓаните

Во Кривичниот суд од денеска ќе се судат само предмети во кои еден или повеќе обвинети имаат мерка притвор или куќен притвор, предмети од член 205 и 206 од КЗ поврзани со загрозување на здравјето на граѓаните и предмети поврзани со нарушување на полицискиот час и другите мерки на Владата на РСМ за заштита од ширење на вирусот Ковид – 19, а за чие постапување надлежен е судот.

Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, судот ќе постапува и по сите итни предмети за кои се надлежни кривичните совети, а по кои се постапува на нејавни седници.

-За таа цел изготвена е листа од 39 притворски предмети, насрочени во следните 30 дена за кои предмети странките кои имаат усна или писмена покана се должни да дојдат на закажаното судење, додека странките во сите други постапки кои не се наведени на листата ќе добијат дополнителни покани за следните термини.

Согласно Уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредна состојба, судот со новата листа на предмети значително го намали бројот на насрочени расправи, а со тоа и фреквенцијата на луѓе во судот како дел од препораките за заштита од ширење на вирусот, соопштија од Кривичен.

Од судот информираат дека во зависно од потребите, листата ќе биде ажурирана и надополнета
за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Листата погледнете ја ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За фирмите субвенции од 14.500 денари за вработен и 50% субвенционирање на придонесите за плата

Работниците кои ќе останат без работа ќе добиваат надомест од државата согласно нивниот стаж

СЗО препорачува здравите луѓе да не носат маски: Корона вирусот се пренесува преку капки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 30 лица од Ковид-19, деветмина од Скопје

Редакција

Откако вчера го проблематизираше датумот, Заев денеска ги повика партиите да се спремат за избори

Редакција

Нови шест кавадарчани позитивни на Ковид-19

Редакција