еМагазин
Image default
Македонија

Кривичен суд: Барањата за амнестија испратени на мислење кај надлежното обвинителство

Основниот суд Скопје 1 соопшти дека барањата доставени до судот за амнестија на обвинетите за насилствата во македонското Собрание од 27 април лани, се испратени на мислење кај надлежното обвинителство.

– По добиеното мислење судот во законски утврдениот рок ќе донесе одлуки кои ќе бидат доставени до странките, а јавноста ќе биде благовремено информирана, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.

До крајниот рок беа доставени 64 барања за амнестија.

Во настаните од 27 април се инволвирани околу 70 лица, а вкупно 33 се обвинети во судскиот процес од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Законот за амнестија беше изгласан на 18 овој месец во македонското Собрание со 95 гласа „за“.

Согласно законот, амнестијата не ги опфаќа организаторите и подготвувачите на настанот, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје и експлозивни направи, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања.

Од амнестија ќе бидат изземени и лицата кои се обвинети за здружување заради непријателска дејност согласно член 324 од Кривичниот законик.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амнестија „кому иде“: Што да кажат затворените за кражба на ќебапчиња?

Амнестија за „27 април“ побарал и адвокатот Еленко Миланов, кој е бранител на неколку од обвинетите

Митко Чавков не сака амнестија

Игор Дурловски нема да бара амнестија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кардиоваскуларната болест и дијабетот најчести коморбидитети кај починатите од корона вирусот

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 31 пациент, а вкупно се лекуваат 476

Редакција

Големо албанско знаме поставено на Самоиловата тврдина во Охрид

Редакција